Top Sport

Му впериле пиштол во главата, па го ограбиле

Полскиот репрезентативец, Аркадиуш Милик, нема по добро да го памети синоќешниот триумф на Наполи против Ливерпул 1:0, во Лигата на шампионите. По натпреварот Милик останал без својот часовник „Ролекс Дајтона“.

Милик, по натпреварот, останал на малата прослава, во клупските простории на стадионот „Сан Паоло“. Кон својот дом се упатил околу два часа по полноќ, кога непознати напаѓачи со мотоцикл му го попречиле патот, побарале да го отвори прозорецот, а потоа му впериле пиштол во главата.

Откако му го одзеле часовникот „Ролекс Дејтона“ кој чини околу 20.000 евра, напаѓачите избегале.

Scroll to Top