Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е прогласен за најдобар играч во Лига Европа, во изминатата сезона.
Францускускиот репрезентативец наградата ја доби во конкуренција на соиграчот од Атлетико, Диего Годин и соиграчот репрезентацијата, Димитири Паје.
„Им благодарам на сите што гласа за мене, среќен сум и горд што ја добив наградата. Сакам, исто така, да им е заблагодарам на техничкиот и лекарскиот тим на Атлетико Мадрид, на тренерот и соиграчите. Ви благодарам уште еднаш“, рекол Гризман, кој не беше на церемонијата, бидејќи утре игра првенствен натпревар со својот тим, во Виго, против Селта.
Атлетико, минатата сезона, откако не ја мина групата во Лигата на шампионите, продолжи да се натпреварува во Лига Европа и на крајот ја освои титулата.
Гризман, во Лига Европа минатата сезона, одигра осум натпревари и постигна шест гола. Тој постигна два гола во финалето против Олимпик Марсеј, а Атлетико победи со 3.0 и ја освои третата титула во Лига Европа во историјата на клубот.
? Congratulations to @atleti forward @AntoGriezmann, the 2017/18 #UEL Player of the Season! ??? pic.twitter.com/meCymGe20a
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) August 31, 2018