Напаѓачот на Франција, Антоан Гризнан, има проблеми со скочниот зглоб, но ќе биде во тимот на денешниот меч што „триколорите“ ќе го одиграат против Перу, открил селекторот Дидие Дешам.
Франција во првиот меч ја победи Австралија со 2:1, а првиот гол го постигна Гризман од пенал што беше досуден со помош на ВАР технологијата.
Дешам, на дуелот со Австралија, го замени Гризман по еден час игра, а напаѓачот не беше задоволен од таквата одлука на селекторот.
„Антоан сега игра добро. По мечот имаше проблеми со скочниот зглоб, но потоа нормално тренираше. Не беше во најдобра состојба во текот на натпреварот со Австралија, како да му беа „тешки нозете“. Кога го постигна голот, го извадив за да добиеме дополнителна енергија што тој не можеше да ни ја даде“, рекол Дешан.
„Доколку замената на Гризман влијаеше врз резултатот тогаш ќе ми поставувавте поинакви прашања. Измените ни донесоа поинаква игра“, дополнил Дешам.
Францускиот селектор потенцирал дека има целосна доверба во својата напаѓачка линија во која покрај Гризман, се Клијан Мбапе, Оливие Жиру и Усман Дембеле.