Напаѓачот на Атлетико Мадрид и Франција, Антоан Гризман, заврши на третото место во изборот за играч на годината, што го организираше Франс фудбал. Иако се шпекулираше дека тој нема да се појави на свечената церемонија, тој сепак беше во Париз.
Гризман зад себе има одлична година, со Атлетико Мадрид ги освои Лига Европа и Суперкупот на Европа, а со Франција стана светски првак и беше прогласен за најдобар играч на финалниот меч, во кој Франција ја совлада Хрватска со 4:2.
Гризман освои 414 гласа, а пред него завршија Кристијано Роналдо (474) и лауреатот Лука Модриќ (478).
Иако се појавија шпекулации дека Гризман нема да присуствува на церемонијата, тој беше во Париз, а со својата изјава (ин)директно ги критикува Роналдо и Меси кои не се појавија на доделувањето на Златната топка.
„Дојдов да покажам дека ја почитувам оваа церемонија. Горд сум што бев во финалето. Кога ми кажаа дека победник е Модриќ, морам да призна дека бев тажен. Овде морав да дојдеам бидејќи Фрнација е мојата земја. Тажно е што не дојдоа сите“, рекол Гризман.
Гризман и во 2016 година заврши на третото место во изборот на Франс фудбал. Тогаш наградата ја доби Роналдо, а втор беше Меси.