Top Sport

Сестрата на Роналдо: Ова е мафија, Бог доцни, но е праведен

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, синоќа во Париз ја доби наградата „Златна топка“, која ми се доделува на најдобриот играч во светот, во годината што изминува.

Играчот на Реал Мадрид, со клубот ја освои Лигата на шампионите, а со репрезентацијата играше во финалето на Светското првенство. Модриќ, претходно ја доби и наградата на ФИФА за играч на годината.

Хрватот ја прекина десетгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои имаат освоено по пет „Златни топки“.

По завршувањето на свечената церемонија, на социјалните мрежи, можеа да се прочитаат пораки дека Кристијано Роналдо, кој во изборот заврши на второто место, бил ограбен и дека Модриќ не ја заслужил наградата.

Најжестока во критиките била сестрата на Роналдо, Елма Авеиро, која смета дека оваа година никој не бил подобар од нејзиниот брат.

„Несреќа е што ова е свет кој што живее од корупција, мафијата и ку……т син, парите. Моќта на Бога е поголема од сета таа гнилост. Бог доцни, но секогаш е праведен“, порачала сестрата на Кристијано Роналдо преку „Инстраграм“.

Scroll to Top