Top Sport

Гризман ја игра последната сезона во Атлетико

Легендата на Атлетико Мадрид, најдобриот стрелец во клупската историја, Антоан Гризман, ја игра својата последна сезона на „Метрополитано“. Извесно е дека тој кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, објави „Атлетик“.

Светскиот првак со Франција од 2018 година наводно е на мета на Орландо, кој сака да го комплетира трансферот во текот на следниот месец, бидејќи трансфер пазарот во МЛС трае до 26 март.

Истиот извор додава дека Орландо е само еден клубовите кои не го кријат интересот за Гризман. Поради интересот на други клубови, Орландо има намера што е можно поскоро да го заврши трансферот.

Во случај трансферот да не биде комплетиран до крајот на следниот месец, франшизата од Флорида ќе има нова можност од летото, бидејќи преодниот рок трае од 13 јули до 2 септември.

Иако преговорите меѓу двете страни официјално не се започнати, „Њујорк тајмс“ објавува дека спортскиот директор на Орландо веќе неколку пати ја посетил Шпанија, распрашувајќи се за можноста зда го потпише Гризман.

Иако Орландо сака да го заврши трансферот, малку е веројатно дека Гризман ќе го напушти Атлетико пред крајот на сезоната, бидејќи финалето на Копа дел Реј е закажано за 18 април. Атлетико има голема шанса да игра во финалниот меч, бидејќи има 4:0 предност против Барселона, пред реваншот закажан за 3 март на „Ноу Камп“.

Антоан Гризман, со исклучок на две сезони во Барселона е играч на Атлетико од 2025 година. Францускиот ас одигра 480 натпревари за клубот, постигна 210 голови и забележа 95 асистенции.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');