Top Sport

„Гризман ја заслужува Златната топка“

Антоан Гризман би требало да биде првиот фаворит за „Златната топка“, смета неговиот соиграч од Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Франција, Лукас Ернандез.

Гризман, минатата сезона, беше најзаслужниот што Атетико ја освои Лига Европа, а летово беше еден од клучните играчи на Франција во походот на светската титула.

„Антоан ја заслужува наградата. Тој е мојот фаворит. Беше клучен играч во сите натпреварувања во кои играше, освои речиси се. Беше константен, тој е во самиот врв две или три години“, оценил Ернандез.

Напаѓачот на Атлетико, во 2016 година, беше трет во изборот за „Златната топка“.

Оваа година, ФИФА за престижната награда ги номинираше Кристијано Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ.

Scroll to Top