Top Sport

Пет часа борба во Њујорк, Надал преживеа против Тим

Рафаел Надал и Доминик Тим одиграа спектакуларен меч во четврт-финалето на Ју-Ес Опен. Мечот по пет часовна борба му припадна на Шпанецот со 0:6, 6:4, 7:5, 6:7, 7:6.

Шпанецот и Австриецот многу го одиграа најдобриот меч на турнирот, кој многу веројатно е еден од најдобрите мечеви одиграни сезонава.

Мечот започна со нестварниот гем што го одигра Тим. Австриецот го доби првиот сет со нула, прит тоа дозволувајќи му на најдобриот тенисер во светот да освои само седум поени.

Надал 14.пати во кариерата губел сет со нула, но никогаш не добил „компир“ во четврт-финале на гренд слем турнир.

Сепак Шпанецот успеа да се консолидира, го крена нивото на својата игра и успеа да направи пресврт и поведе со 2.1 во сетови.

Австриецот во четвртиот сет прв дојде до брејк, а откако Шпанецот возврати со иста мерка, во тај-брејкот, Тим имаше повеќе нерви и успеа да се избори за петти сет.

foto: epa

Спектакуларен беше и петтиот сет, Надал имаше можност да го реши во десеттиот гем, но Тим не дозволи Шпанецот да искористи ниту една од трите брејк топки. Победникот потоа беше решен во тај-брејкот, во кој пресуди искуството, а и менталната сила на Надал.

Шпанецот за финале ќе игра против Хуан Мартин дел Потро. Аргентинецот претходно во четврт-финалето со 3:1 славеше во дуелот со Џон Изнер.

Scroll to Top