Top Sport

Гризман ќе игра против Милан

Антоан Гризман ќе биде во составот на Атлетико на натпреварот против Милан, во Лигата на шампионите. УЕФА ја прифати жалбата на Атлетико и му ја намали суспензијата од два на еден натпревар.

Гризман, беше исклучен, на натпреварот против Ливерпул, во Мадрид (2:3). Поради црвениот картон, тој го пропушти реваншот на „Енфилд“.

Францускиот репрезентативец, поцрвена поради невнимателниот старт врз Фирмино.

Атлетико во среда ќе го пречека Милан.

На табелата во оваа група води Ливерпул со 12 бодови, Порто има пет, Атлетико четири, а Милан еден бод.

Scroll to Top