Top Sport

Гризман: Меси? Се уште се запознаваме

Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман, ги негирал наводите на медиумите дека не бил во добри односи со најдобриот играч во тимот Лионел Меси.

Четири гола и три асистенции во досегашниот дел од сезоната е учинокот на играчот за кого Барселона на Атлетико им платија 120 милиони евра.

Наводно лошите односи со Меси биле причината за бледите изданија на теренот на францускиот фудбалер.

„Срамежлив сум, не сум добра кога треба да воспоставам комуникација со луѓето. Не сум тој што прв ќе започне разговор. Но јас Лео и Луис полека се запознаваме, бевме заедно и на вечера. Нашиот однос ќе напредува како што одминува времето, а тоа ќе го покажеме и на теренот“, рекол 28 годишниот фудбалер.

Барселона в среда ќе игра против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, а потоа в сабота ќе гостува кај поранешниот тим на Гризман.

Scroll to Top