Top Sport

Гризман: Меси си замина, многу работи се сменија во Барселона

Антоан Гризман го коментирал испаѓањето на Барселона од Лигата на шампионите. Францускиот напаѓач, во последните минути од преодниот рок, од Барселона се пресели на позајмица во Атлетико. „Јорганџиите“ за 40.000.000 евра ќе го откупат неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Гризман смета дека заминувањето на Лионел Меси е единствената причина што Барселона, прв пат по 2000 година не успеа да ја мине групата во Лигата на шампионите.

„Неверојатно. Многу работи се сменија. Меси си замина, тој беше клучниот играч. Потоа го сменија тренерот. Потребно е трпение и верба во луѓето кои работат во клубот“, рекол Гризман.

За разлика од Барселона, Атлетико во последното коло избори место во осмина-финалето. Гризман со гол и асистенција беше клучниот играч на Атлетико во победата над Порто 3:1.

Во досегашниот дел од сезоната, Гризман за Атлетико има одиграно 20 натпревари, постигнал седум гола.

Scroll to Top