Top Sport

Гризман: Направив сè што можам да останам во Атлетико

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман вели дека направил сè што може да остане во клубот, откако денеска конечно беше потврден неговиот постојан трансфер од Барселона, со договор до 2026 година.

31-годишниот Французин се врати кај „рохибланкос“ на позајмица во август 2021 година, по тешки две сезони на „Ноу Камп“ по трансферот вреден 120 милиони евра во 2019 година, токму од Атлетико.

„Пресреќен сум бидејќи тоа го сакав цело време од моето враќање. Да се остане во Атлетико, да се ужива во клубот, со тренерите, соиграчите, стадионот, фановите… Направив сè што можам да останам тука веднаш кога видовме дека постои опција. Не ми беше грижа што треба да направам, сакав само да останам“, вели Гризман.

Шпанските медиуми тврдат дека Французинот се согласи на драстично намалување на платата за да добие постојан договор.

Scroll to Top