Top Sport

„Гризман не е наша желба, тој е играч на Атлетико“

Претседателот на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу, потврдил дека во клубот не се заинтересирани за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Два месеци шпанските медиуми најавуваа дека Гризман, во овој преоден рок, за сума од 120 милиони евра ќе се пресели од „Ванда Метрополитано“ на „Ноу Камп“. Ваквото сценарио го демантира првиот човек на Барселона.

„Гризман е играч кој има договор со Атлетико“, рекол Бартомеу и дополнил.

„Тој мене ми се допаѓа, сакам кога најдобрите фудбалери играат во Примера, бидејќи тие и даваат квалитет на лигата. Сепак тој не се наоѓа на нашата листа на желби. Има многу шпекулации во медиумите, но тој не е наша желба и тој не побарал да дојде во Барселона“, заклучил претседателот на Барселона.

Scroll to Top