Top Sport

МКФ суспендираше клубови-должници и две сали

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ги суспендира клубовите што досега не ги подмириле долговите кон Федерацијата. МКФ се повикува на одлуката на Управниот одбор донесена на 2 октомври минатата година, кога должниците добија можност во пет рати да си ги подмират долговите.

„Согласно одлуката од Управниот одбор на МКФ од 02.10.2018 година со која на клубовите им беше дадена можност старите доспеани долгови да ги платат на пет рати, како и според член 51 од Пропозициите за натпреварување со кој се појаснуваат санкциите кои следат на клубовите-должници доколку не ги намират своите доспеани долгови (стари и нови) во даден рок се суспендира од понатамошни натпреварувања во сезоната 2018/19.

Со намирување на финансиската обврска суспензијата автоматски престанува да важи“, стои во соопштението објавено на интернет страницата на МКФ.

МКФ исто така суспендира и две сали кои не г исполнувале стандардните за одигрување натпревар на професионално ниво.

„Спортските сали Градски парк во Скопје и СРЦ Кале–мала сала во Скопје, не ги исполнуваат стандардите за одигрување на натпревари од Прва лига мажи, Супер лига, плеј аут и плеј оф лига. Клубовите кои ги имаа пријавено наведените сали за одигрување на натпревари, во дадениот рок не ги испочитуваа насоките од МКФ за санација и мерки за создавање потребни услови за одигрување на натпревари, поради што во спортските сали не се дозволува одигрување на кошаркарски натпревари. Клубовите ќе мора да пријават друга сала која ги исполнува стандардите за одигрување на натпревари од погоре наведените лиги“, информираат од МКФ.

За овие проблеми ќе се разговара утре на состанокот што ќе го одржат челниците на МКФ со прволигашите.

Scroll to Top