Антоан Гризман добил негативен одговор од Ла Лига по барањето да му биде дозволено да ја носи „седумката“ во сезоната која во Шпанија започна викендов.
Гризман кој за 120 милиони евра од Атлетико се пресели во Барселона, во новиот клуб го одбра бројот 17 бидејќи „седумката“ му припаѓаше на Фелипе Кутињо. Откако Бразилецот замина во Баерн, омилениот број на Гризман остана без сопственик, тој побара дозвола од Ла Лига да го смени бројот, но добил негативен одговор.
Според правилото 216 на Ла Лига играчот во текот на целата сезона, на официјалните натпревари мора да го носи истиот број. Пред десет дена, кога Кутињо се уште беше во клубот, Барселона пријави дека Гризман ќе го носи бројот 17.
За да го добие омилениот број, кој го носи низ кариерата, Гризман ќе мора да чека до наредното лето.