Top Sport

Гризман: Не зажалив што останав во Атлетико

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман инсистира дека не жали за одлуката да остане во шпанскиот клуб и покрај големите шпекулации кои го поврзуваат со Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Барселона.

И покрај тоа што има само три гола во 14 настапи оваа сезона, Гризман вели дека е задоволен со својата одлука.

„Воопшто не жалам што останав. Тоа беше мој избор и среќен сум со него, иако седум натпревари немам гол. Ќе се вратам посилен“, вели 26-годишниот Французин во интервју за „Телефут“.

Атлетико нема пораз во 12 натпревари, но дури шест од тие натпревари завршија во реми, со што се на 10 поени од лидерите Барселона. Гризман вели дека пристигнувањето на Диего Коста и Витоло во јануари ќе го направи тимот на Диего Симеоне посилен.

„Не размислувам за трансфер во јануари. Доаѓаат Диего Коста и Витоло така што ќе имаме силен тим. Не сум разговарал за никаков трансфер со претседателот на клубот“, додава Гризман.

Симеоне: Семејството се сака до смрт, а Гризман е дел од семејството

Scroll to Top