Top Sport

Давитков го повика и Хендрикс

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков бргу го смени планот, првите два натпревари во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година да ги одигра без странец.

Повредите на Бојан Трајковски и Ѓорѓи чековски отвораат голема дупка во рекотот, поради што Давитков реши да го повика Ричард Хендрикс. Играчот на Галатасарај изразил подоготвеност да му помогне на тимот и тој веќе им се приклучи на соиграчите.

Ричард Хендрикс последен пат дресот на Македонија го носеше на Европското првенство во 2015 година кога Македонија не успеа да ја помине групата која се играше во Хрватска.

фото/fibaeurope

Scroll to Top