Top Sport

Гризман: Никогаш во Арсенал!

Антоан Гризман вели дека нема никаков интерес да се приклучи на Арсенал во иднина, откако премиерлигашот веќе пропуштил голема шанса да ги добие услугите на Французинот.

Околу иднината на фудбалерот на Атлетико Мадрид има многу шпекулации, откако Манчестер јунајтед беа сериозно заинтересирани во текот на летото, а сега се појавува и Барселона како можна дестинација.

26-годишниот Французин остана во шпанската престолнина бидејќи Атлетико имаше суспензија за трансфери, а сега со враќањето на Диего Коста во јануари, постојат шпекулации дека тимот ќе се одлучи да го продаде. Било каде, но не во Арсенал.

Зошто? Во својата нова книга „Зад насмевката“, Гризман ја кажува приказната како бил блиску до трансфер од Реал Сосиедад во тимот на Арсен Венгер.

„Чекав, и чекав, и продолжив да чекам. Кога немаше вести, мојот агент Ерик Олхатс се јави на Жил Гриманди во Арсенал, кој изјави дека менаџерот е уште заинтересиран и треба да почекам. Неколку часа пред крајот на трансфер-периодот, тој ни кажа дека Арсенал не е заинтересиран за трансфер. Не сакам кога ќе ми кажат нешто и тоа потоа нема да се случи. Подоцна, кога тие беа заинтересирани повторно, им кажав дека ја пропуштиле својата шанса“, пишува Гризман.

Една година по тој инцидент, Гризман замина во Атлетико за 35 милиони евра. Оттогаш тој има 89 гола во 179 натпревари за „јорганџиите“.

Scroll to Top