Top Sport

Гризман објаснил зошто од Атлетико заминал во Барселона

Антоан Гризман за „УЕФА ТВ“ објаснил зошто решил од Атлетико Мадрид д се пресели во Барселона. Францускиот напаѓач во летниот преоден рок се пресели на „Ноу Камп“ за сума од 120 милиони евра.

Светскиот првак со Франција за „УЕФА ТВ“ рекол не направил трансфер поради можноста да освои повеќе трофеи со Барселона.

„Не заминав поради Лигата на шампионите или за да освојам повеќе трофеи. Заминав бидејќи сакав да почувствуван нов стил на игра, нова филозофија, нов екипа“.

Гризман рекол дека се уште го минува процесот на прилагодување во Барселона.

„Морам да се навикнам на новата позиција, морам подобро да ги разбирам соиграчите. Се уште до крај не ги разбирам движењата на Суарез и Меси. Како личност сом многу срамежлив, не разговарам многу со останатите, но ќе си дојде се на свое место. Во последно време многу подобро се разбирам со Меси и Суарез“, рекол Гризман.

Scroll to Top