Top Sport

Зидан: Ливерпул? Ако играме против нив ќе ги елиминираме

Реал Мадрид со победа во Бриж (3:1) ја завршија првата фаза во Лигата на шампионите. Екипата на тренерот Зинедин Зидан со 11 бода го освои второто место во А-групата. Ждрепката за осмина-финалето е во понеделник, а Реал противникот ќе го чека од вториот „шешир“.

По натпреварот во Бриж, на прес-конференцијата, еден од новинарите го прашал тренерот на Реал дали се надева дека неговиот тим ќе го избегне европскиот првак Ливерпул во осмина-финалето, на што Зидан одговорил:

„Ако играме против нив ќе ги елиминираме“, а потоа со сериозен тон рекол: „Не можеме да влијаеме на ждрепката“.

Реал за противник во осмина-финалето може да добие еден од овие тимови: Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен, Јувентус, Лајпциг.

Scroll to Top