Top Sport

Гризман одбил преселба во Интер или ПСЖ

Целта на Барселона во овој преоден рок се Лаутаро Мартинез и Нејмар. Каталонците се надеваат дека еден од овие двајца ќе пристигне на „Ноу Камп“. Проблем за Барселона е што клубот нема 111 милиони евра колку што вреди Лаутаро ниту пак може да плати најмалку 170 милиони евра за Нејмар.

Челниците на Барселона имаат јасен план на Интер и на ПСЖ им нудат одредена сума на пари и еден или двајца фудбалери.

Медиумите шпекулираат дека Барселона би го вклучила Антоан Гризман како дел од пакетот за Лаутаро или Нејмар меѓутоа францускиот репрезентативец немал намера да биде дел од било какви размени.

Не размислувал за ПСЖ бидејќи француската лига (Лига 1) била не доволно конкурентна, додека јасно му е дека Интер немаат доволно пари да ја покријат неговата годиша плата од речиси 18 милиони евра.

Scroll to Top