Top Sport

Милан испратиле понуда за Лука Јовиќ

Милан има сериозна намера до го донесе Лука Јовиќ во преодниот рок. Од „Сан Сиро“ испратиле конкретна понуда до Реал за српскиот напаѓач.

Лука Јовиќ минатото лето за 60 милиони евра од Ајнтрахт се пресели во Реал. Зад себе има лоша сезона, постигна само два гола на 24 натпревари.

Извесно е дека Реал ќе се обиде да го продаде Јовиќ, а барем засега најсериозен кандидат за неговиот потпис е великанот од Милано.

Милан имаат намера Јовиќ да заигра покрај својот поранешен соиграч од Ајнтрахт Анте Ребиќ. Поради тоа понудиле 35 милиони евра и одредени бонуси.

Прашање е само дали Јовиќ би сакал да игра во тим што нема да се натпреварува во Лигата на шампионите.

Покрај Милан наводно за Јовиќ интерес покажале Наполи, Борусија Дортмунд и Арсенал.

Scroll to Top