Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман признава дека имал понуда од Саудиска Арабија ова лето, но дека јасно порачал дека неговата иднина ја гледа во шпанскиот клуб.
Лани Гризман го направи трансферот од Барселона во Атлетико постојан за 20 милиони евра, и сезоната ја заврши со 15 гола и 16 асистенции станувајќи клучен играч во тимот на Диего Симеоне.
„Имаше јавувања и контакти, но бев фокусиран на Атлетико. На 15 гола сум од рекордот во клубот по бројот на голови. Веднаш кажав дека не одам никаде и дека го сакам тој рекорд. Ми беше потребно време да ја вратам довербата на навивачите на Атлетико и тоа не беше момент за разделба“, вели Гризман.
32-годишниот Гризман беше поврзуван со трансфер во Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо.