Top Sport

Ријад Марез по вторпат се ожени со Тејлор Ворд, планира и трета свадба!

Алжирската фудбалска ѕвезда Ријад Марез, по вторпат се ожени со својата партнерка Тејлор Ворд, и планира уште една трета прослава оваа година, тврди „Сан“.

Поранешниот фудбалер на Мначестер сити и манекенката се земал пред најблиските во хотелот „Лондонер“ во Манчестер, откако претходно имаа муслиманска свадба во јануари 2022 година. Марез и Ворд имаат една ќеркичка Мила.

Марез се раздели со својата поранешна сопруга Рита Џохал по шест години, со која има две деца. 28-годишната Џохал претходно го обвинуваше неговиот трансфер во Манчестер сити во 2018 година како главна причина за разделбата.

Scroll to Top