Иако поголемиот дел од сезоната 2017/18 ја помина соочувајќи се со шпекулации дека ќе замине од Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по големата победа во Лион изјави дека очекува ова да е само почеток на освојување на титули со „колчонерос“.
Гризман постигна два гола за да го „скрши“ отпорот на Марсеј во финалето на Лигата на Европа, и да ја донесе третата титула од ЛЕ за „јорганџиите“, а за него прв голем трофеј.
„Си заминав од дома на 14 години бидејќи сакав да освојувам титули, и ова е втор по Суперкупот на Шпанија. Се надевам на многу повеќе. Марсеј играа офанзивно и добро, но и ние бевме цврсти и ги чекавме нивните грешки. Дефиниција на натпреварот: доверба, можеби и малку ладнокрвност“, изјави Гризман по победата.
Гризман и Атлетико Мадрид го кренаа трофејот од Лигата на Европа (галерија+видео)