Top Sport

Паје ја „привика“ клетвата – го допре трофејот и се повреди!

Едно од најголемите фудбалски суеверија вели дека не го допираш трофејот пред да го освоиш, и таква „клетва“ го погоди фудбалерот на Марсеј, Димитри Паје во средата навечер.

Пред дуелот со Атлетико Мадрид, играчот од средниот ред го допре купот од Лигата на Европа, и започна одлично со асистенција до Валер Жермен по само пет минути игра. Но, тогаш Антоан Гризман постигна гол за 1:0, пред Паје да се повреди и да го заврши мечот.

Французинот замина во солзи од теренот и беше тешен од колегата од француската репрезентација, Гризман.

Еден „неславен“ пример за „клетвата“ е допирањето на трофејот од ЛШ од страна на Џенаро Гатузо во финалето на Милан против Ливерпул во 2004/05. Тогаш Милан водеше со 3:0 на полувремето, но на крајот загуби на пенали.

Суеверието има потекло од САД, каде што шампионите по конференциите во НХЛ престанаа да го креваат овој трофеј сѐ додека не го освојат Стенли купот.

Scroll to Top