Top Sport

Гризман признава: Тешко е да се зборува со Лео Меси

Новиот фудбалер на Барселона, Антоан Гризман признава дека е тешко да се зборува со Лионел Меси откако му стана клупски колега. Гризман немаше шанса многу да игра со Меси, кој се мачи со низа повреи на стартот на сезоната.

„Всушност, тој не е човек кој зборува многу, исто како мене и тешко е да се зборува многу. Му донесов ’мате’ (јужноамерикански кафен напиток) и одиме во вистински правец. Мораме да научиме како да се поврземе и да се подобриме. Јас сум тука за да помогнам“, вели Гризман.

Французинот исто така признава дека нема најдобар старт на кариерата како играч на Блауграна и знае дека мора да се подобри.

„Се чувствувам удобно, но морам да бидам подобар на теренот, посебно во движењето. Морам повеќе да се вклучувам во игра и можам да бидам многу подобар“, вели Гризман пред мечот со Интер во Лигата на шампионите.

Scroll to Top