Антоан Гризман се враќа во Атлетико Мадрид. Повеќе медиуми тврдат дека челниците на Барселона и Атлетико Мадрид се блиску да ја реализираат размената, Гризман за Саул Нигез.
Фудбалерите не се противат да ги сменат клубовите, поради што се очекува во наредните денови размената да биде официјализирана.
Јасно е дека Атлетико за Гризман, покрај Саул, ќе мора да плати и одредена сума пари. Се пртепоставува дека се работи за 12 милиони евра.
Наводно, Гризман во Атлетико ќе заработува 13 милиони евра, а Саул во Барселона ќе добие еден милион помала плата.
Гризман, како играч на Атлетко стекна светска слава. Дресот на „јорганџиите“ го носеше од 2014 до 2019 година, кога за 120 милиони евра се пресели на „Ноу Камп“. Од друга страна Саул е играч на Атлетико од 2010 година, првите две сезони беше позајмен во Рајо Ваљекано.