Арсенал пред две години биле блиску до реализација на трансферот на Антоан Гризман од Атлетико, меѓутоа францускиот репрезентативец не сакал да се пресели во Лондон бидејќи клубот не се натпреварувал во Лигата на шампионите.
Сезоната 2016/2017 е прва по две децении во која Арсенал не избориле пласман во Лигата на шампионите. Оттогаш клубот игра во Лига Европа, поради што не е атрактивен за големите фудбалски ѕвезди.
Гризман бил подготвен да се пресели во Арсенал, но само под услов клубот да избори пласман во Лигата на шампионите.
Францускиот репрезентативец пред портите на Арсенал бил и во 2013 година но тогашниот менаџер Арсен Венгер одбил да потпише договор со него.
Четири години подоцна Гризман го одбил Арсенал, поради то клубот од Лондон го потпишале неговиот пријател Александар Лаказет.
Интересно таа сезона Атлетико не ја мина групата во Лигата на шампините и продолжи во Лига Европа, каде на патот до трофејот Гризман и соиграчите во полу-финалето го елиминираа Арсенал.
Гризман ова лето го напушти Атлетико, тој за сума од 120 милиони евра се пресели во Барселона.