Top Sport

Протестите во Барселона го селат „Ел Класико“ во Мадрид?

Првото сезонско „Ел Класико“, дуелот помеѓу Барселона и Реал, на програмата е на 26 октомври на „Ноу Камп“. Дербиот ќе се игра во невообичаен термин од 13 часот. Сепак, како што пишува „АС“ можно е дуелот да биде преместен во Мадрид.

Причина за можната рокада со местото на одигрување се демонстрациите во Барселона, кои се одржуваат веќе неколку денови, поради изрекувањето на судските пресуди за лидерите на Каталонија.

Бидејќи протести биле најавени и за 26 октомври челниците на Ла Лига од Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на шпанија побарале клубовите да ги заменат домаќинствата.

Реал да биде домаќин на 26 октомври, а Барселона во вториот дел од првенството на 1 март наредната година.

Одлуката дали ќе има промени околу домаќинот на „Ел Класико“ ќе биде донесена во наредните денови.

Scroll to Top