Top Sport

Гризман: Во рангот сум на Меси и Роналдо

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, смета дека спаѓа во самиот врв на светскиот фудбал. Гризман зад себе има сјајна сезона. Со Атлетико ја освои Лига Европа, а со Франција светската титула. И во клубот и во репрезентацијата тој беше еден од најзаслужните за титулите.

„Мислам дека спаѓам во врвот на светскиот фудбал заедно со Роналдо и Меси. Јас сум поинаков фудбалер од нив двајца, но сметам дека можам уште да напредувам. Сакам да бидам комплетен играч, не можем да постигнам преку 50 гола, но на секој начин се обидувам да му помогнам на тимот“, изјаво францускиот напаѓач за „АС“.

Гризман, на големо изненадување, не се најде во изборот за „Златната топка“. Сепак, се надева дека еден ден може да биде на тоа место.

„Златната топка носи престиж и историја, верувам дека можам да бидам меѓу најдобрите тројца за оваа награда. Знам дека можам да ја унапредам својата игра, гладен сум за победи и ќе продолжам да пружам добри партии“, дополнил 27-годишниот напаѓач.

Францускиот репрезентативец, вечерва со Атлетико, ќе го одигра првиот меч во новата сезона. Атлетико, во рамките на А-групата од 21 часот, ќе гостува во Монако.

Scroll to Top