Top Sport

Дон Карло против Црвена ѕвезда влегува во историјата

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, вечерва од Белград ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите. Анчелоти ќе стане првиот тренер кој водел осум различни екипи во елитното натпреварување.

Од 1992 година, кога УЕФА го смени форматот и го преименува Купот на европските шампиони во Лига на шампиони, легендарниот Дон Карло во ова натпреварување настапил како тренер на Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен. Вечерва, кога ќе започне мечот во Белград, против Црвена ѕвезда тоа ќе го направи и со Наполи.

Во досегашната тренерска кариера, 59-годишниот тренер, три пати ја освои титулата во Лигата на шампионите (Милан 2003 и 2007 и Реал Мадрид 2014). Исто така го освојувал трофејот и како играч, во 1988 и 1989 со Милан.

Scroll to Top