Top Sport

Гризман: Време е да славиме

Антоан Гризман по освоената светска титула со француската репрезентација, рекол дека во наредниот период тој и соиграчите ќе ја прославуваат титулата.

„Во овој момент не сум сигурен што успеавме да направиме. Горд сум на овој тим, на соиграчите, стручниот штаб, техничкиот и медицинскиот персонал. Навистина бевме компактни како група“, рекол Гризман.

foto: epa

„Направиваме нешто неверојатно. Испишавме фудбалска историја и сега е време да уживаме во тоа. Време е да се дружиме со нашите семејства и со пријателите и да славиме. Утре во Фрација ќе биде исто, ќе славиме со францускиот народ“, порачал Гризман.

Антоан Гризман беше прогласен за најдобар играч на финалниот меч, тој го постигна вториот гол за Франција од пенал.

Scroll to Top