Top Sport

Илјадници ги пречекаа „бронзените“ од СП во Русија (Видео)

Повеќе илјади навивачи ги пречекаа репрезентативците на Белгија, кои на Светското првенство во Русија го освоија третото место. Навивачите облечени во црвено ги поздравиле играчите низ улиците на Брисел и на главниот плоштад.

foto: epa

Белгија, настапот на Светското првенство го заврши со победата над Англија (2:0) во натпреварот за третото место.

Белгијците го постигнаа најголемиот успех во својата историјата, откако го надминаа четвртото место освоено во 1986 година, на СП во Мексико.

Scroll to Top