Антоан Гризман не сакаше да коментира премногу во вербалната пресметка помеѓу Оливие Жиру и Карим Бензема, но сепак посочи дека Жиру е освојувач на светската титула.
Бензема предизвика бура од реакции со изјавата дека разликата помеѓу него и неговиот сонародник Жиру не е возможна бидејќи „не споредуваш Ф1 со картинг, и тоа убаво кажано“. Тој потоа изјави дека „само ја кажувал висината“, по што Жиру му одговори дека тој е светски шампион.
Гризман од дебито за Франција во 2014 година има играно и со двајцата фудбалери, но не сакаше да се „заглавува“ со незгоден одговор.
„Не можам да одговорам на тоа, бидејќи може да си направам проблеми. Но, го сакам Оливие Жиру и тој ни помогна да го освоиме Светското првенство. А тоа вреди нешто во животот“, изјави Гризман.
Бензема е исфрлен од француската репрезентација од 2015 година откако беше обвинет во скандалот со уценување со секс-лента на поранешниот соиграч Матју Валбуена. Без него, Франција стигна до финалето на Евро 2016, пред две години подоцна во Русија да ја освои светската титула. Жиру на СП во Русија не играше само на еден натпревар, но не постигна ниту еден гол.