Ако ви е потребен уште еден доказ дека Кристијано Роналдо се сфаќа себеси премногу сериозно, тука е поранешниот голман на Киево, Стефано Сорентино, кој вели дека Португалецот одбил да си смени дрес со него бидејќи тој му одбранил пенал.

Сорентино тврди дека Роналдо бил „многу лут“ минатиот јануари, кога Јувентус стигна до 3:0 победа над Киево во Торино со головите на Даглас Коста, Емре Џан и Даниеле Ругани, но и меч во кој обидот од пенал на Португалецот заврши во рацете на Сорентино.

41-годишниот Сорентино, кој сега игра во Черво во осмата италијанска лига инсистира дека имал договор за смена на дресовите, пред Роналдо да го игнорира по крајот на мечот.

„Се согласивме да ги смениме дресовите, но откако не даде гол од пенал беше многу лут. Се сретнавме во тунелот, се ракувавме и тој ми честиташе, но имаше лош израз на лицето и не ми го даде дресот. Сепак, не беше толку лошо, успеав да добијам дрес од Пауло Дибала“, открива Сорентино.

Инаку ова не беше прв „дуел“ на Роналдо со Сорентино – во дебито на Португалецот за Јувентус, Роналдо со колено го удри во главата (секако, ненамерно), по што ветеранот заврши во болница.

Сорентино му „врати“ на Роналдо за скршената глава, но Јуве победи (видео)

Сорентино ќе го памети дебито на ЦР7 откако заврши во болница