Top Sport

Гризман: Знаев дека во Барса ќе ми биде тешко

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман признал дека знаел дека ќе му биде тешко да се адаптира во тимот на Барселона. Гризман летово за 120 милиони евра од Атлетико Мадрид се пресели во каталонската престолнина.

Трансферот на Гризман во Барселона беше испратен со многу контроверзи, откако од Атлетико објавија дека тој во март постигнал договор со клубот од „Ноу Камп“. Почетокот на сезоната е лош за францускиот репрезентативец, на 15 натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите има постигнато само четири гола.

„Учам многу. Кога доаѓав во Барселона знаев дека ќе ми биде тешко“, рекол Гризман.

Поради Луис Суарез и Лионел Меси, Грзиман во Барселона мора да игра на позиција што не му е природна.

„Мислам дека играм многу подобро кога со во централниот дел на нападот. На тоа место играв во последните неколку години, сега морам да се навикнам на новата улога“.

Шпанските медиуми често пишуваат дека Гризман не е во добри односи и дека воопшто не разговара со лидерот на Барселона, Меси.

Scroll to Top