Холандскиот прволигаш Гронинген со клипови од документарната серија за Мајкл Џордан, „Последниот танц“ го убедиле Арјен Робен да се врати од пензијата и да се врати во својот клуб од детството.
Во саботата, Робен потврди дека потпишал договор со Гронинген, каде што првпат заигра во првиот тим во 2000, пред да направи блескава кариера во Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен. Тој се пензионираше минатата сезона со Баерн, и техничкиот директор на Гронинген, Марк-Јан Фледерус ја објасни процедурата со која го убедувале да се врати.
„Прво отидовме во Минхен да зборуваме да се врати веднаш по пензионирањето во мај минатта година. Тој не одби, но останавме во контакт и потоа тајно се договоривме со неговата сопруга да дојдат и да разговараме повторно минатиот месец. На 21 мај отидов во Минхен по покана на Бернадиен и го изненадивме Арјен. Нарачавме суши и потоа му пуштивме компилација на снимки од документарецот ’Последниот танц’ и од головите на Робен. Му кажавме дека најдобар начин да помогне е да заигра за нас“, вели Фледерус.
Робен потврди дека неговата сопруга била клучна да се прифати враќањето.
„Тука сум да помогнам и да покажам вистински однос. Немам определено цели и немам што да загубам. Можеби ќе завршиме по еден месец, можеби ќе трае две години. Одлуката беше многу полесна поради тоа што ја имав поддршката од семејството. По повлекувањето од Баерн решив да останам една година во Минхен да уживаме во градот и да не играм фудбал. Не гледав фудбал шест месеци и уживав, но бидејќи го сакам спортот, почнав да тренирам за маратонот во Ротердам пред да почне корона вирусот“, објаснува Робен.
? We beginnen met de fotoshoot op het veld!@ArjenRobben @Fleddie #Arjenvolgjehart #laatonsweereensjuichen pic.twitter.com/NtIGAaCHHA
— FC Groningen (@fcgroningen) June 28, 2020