Top Sport

Грците би можеле да имаат проблеми поради неверојатен превид во однос на картоните

Грција очекувано победи против Гибралтар, забележа нови три бода и остана во трка за едно од првите две места кои водат на Европското првенство.

Но, тој триумф остварен пред нешто помалку од 10.000 гледачи во Атина падна во втор план поради неверојатниот кис на Фудбалскиот сојуз на Грција, кој покажа чист аматеризам.

Имено, селекторот на Грција, Густаво Појет, не можеше да смета на четворица инаку стандардни првотимци, кои беа надвор од протоколот.

По натпреварот Грците дознаа дека Цимикас, Манталос, Курбелис и Сиопис имаа право рамноправно да конкурираат за тимот.

Грците мислеа дека четворицата не можат да играат затоа што имаа по два жолти картони, но погрешија. Суспензијата стапува на сила само кога играчот ќе добие три жолти картони.

Појет можеше да смета на овие играчи на дуелот против Гибралтар, но се надеваше дека ќе ги „исчистат картите“. Но, тоа не се случи, па следната јавна опомена за секој од овие фудбалери автоматски ќе значи и суспензија.

Во октомври Грција ја очекуваат клучните натпревари за пласман на Европското првенство. Најпрво на 13 октомври ќе и гостуваат на селекцијата на Република Ирска, додека три дена подоцна на домашен терен ќе ја пречекаа Холандија.

Scroll to Top