Top Sport

Груиќ потпиша нов договор со Ливерпул и замина за Берлин

Ливерпул потврдија дека најавуваниот голем талент, Србинот Марко Груиќ потпиша нов договор со „црвените“, но и дека веднаш си замина на позајмица кај Херта Берлин.

22-годишниот Груиќ дојде на „Енфилд“ од Црвена звезда во 2016 година најавуван како голема ѕвезда, но досега имаше само осум настапи во Премиер лигата, и тоа ниту еден како стартер. Тој минатата сезона играше како позајмен фудбалер на Кардиф сити, каде што играше 13 пати во втората лига.

Со пристигнувањето на Наби Кеита и Фабињо, стана јасно дека тој нема да добие шанса од Јирген Клоп, така што сега ќе се „кали“ во Бундеслигата, во тимот на Херта Берлин.

Scroll to Top