Српскиот репрезентативец Марко Грујиќ го напушти Ливерпул и го реализираше трансферот во Порто. Грујиќ, минатата сезона, како позајмен играч го носеше дресот на португалскиот великан.
Португалските медиуми објавија дека Грујиќ со Порто потпишал договор до јуни 2026 година. Ливерпул од продажбата на Грујиќ ќе заработат околу 15 милиони евра.
Грујиќ од јануари 2016 година беше играч на Ливерпул. На „Енфилд“ пристигна како голема желба на менаџерот Јирген Клоп за 7 милиони евра. Сепак не доби вистинска шанса да се наметне.
Ливерпул го испраќаше на позајмици во Кардиф, Херта и Порто.