Top Sport

Грузиецот имаше договор со Монако, но заврши во Лион

Георги Микуатадзе и репрезентацијата на грузија воодушевија со она што го покажаа на Европското првенство. Грузиецот, постигна три гола и заедно со Дани Олмо, Хари Кејн, Џамал Мусијала, Коди Гакпо и Иван Шранц го освои трофејот за најдобра стрелец.

Одличните игри на 23-годишниот напаѓач не останаа незабележани од богатите клубови, неговиот трансферот во Монако беше договорен. Во Кнежевството го чекаа на лекарски преглед и потпишување на договорот, но сега таму не се сигурни дека напаѓачот ќе го стсви својот постпис на договорот.

Монако понудиле 20 милиони евра, но Лион во последен момент испратиле подобра понуда, поради што Микуатадзе наместо во Монако сака да оди во Олимпик од Лион.

Неговата фудбалска приказна инаку е доста интересна. На почетокот на јанури пристигна во Мец како позајмен играч од Ајакс. Ајакс токму од мец го купи за 13 милиони евра но не успеа да се наметне во Амстердам.

На позајмицата блескаше, за шест месеци, Микуатадзе на 20 натпревари постигна дури 13 гола, со четири асистенции.

Францускиот „Лекип“ објави дека Микаутадзе е веќе на пат за Лион, и дека ќе потпише повеќегодишен договор со Олимпик.

Интересно, Микаутадзе ќе се врати во клубот каде ги направи првите чекори. Настапуваше за младинските категории на оваа екипа пред да замине во АССП од каде се пресели во Мец. Играше и за Сераинг и Ајакс.

Scroll to Top