Репрезентација на Грузија ќе биде последната пречка која би не делела од историски пласман на едно фудбалско Европско првенство, доколку вечерва го совладаме Косово, откако во Тбилиси со 1:0 ја совладаа Белорусија.
Човек на одлука беше фудбалерот на кипарскиот Анортозис, Торнике Окриашвили, кој уште во седмата минута го реализираше пеналот за минимална и важна победа. Грузија, исто како и Македонија и Косово го брка својот прв пласман на едно големо фудбалско натпреварување.
Победникот од мечот Македонија-Косово ќе гостува во Грузија на 12 ноември во одлучувачкиот меч за пласман на Евро 2021.
Македонија оваа година веќе играше еден меч со Грузија во Лигата на нации на УЕФА, откако на гости одигравме 1:1, а токму Окриашвили беше стрелец на голот за Грузијците, повторно од белата точка.