Top Sport

Грузија падна, сега нека се „пазат“ Холандија, Австрија и Украина!

Македонија се пласираше на Европското првенство во 2021, историски успех на нашиот фудбал, вест која во светските медиуми се прикажа како историски успех на една мала земја.

Бидејќи ждрепката за ЕП веќе беше направена, се знаеше веднаш кои се нашите противници во групата Ц на Евро 2021, натпреварување кое за првпат во историјата ќе се игра во повеќе земји. За нас, главните дестинации се романската престолнина Букурешт, како и прекрасната „Јохан Кројф арена“ во Амстердам.

Историски ден за Македонија, ќе биде 13 јуни 2021 година во „Националната арена“ во Букурешт, кога ќе го играме првиот меч против Австрија во 18.00 часот. Четири дена подоцна, исто така во Букурешт играме со Украина предводена од селекторот Андриј Шевченко, овојпат од 15.00 часот, за на 21 јуни во 18.00 часот да следува вистинската „круна“ на овој пласман – мечот против Холандија сред Амстердам.

Во наредната фаза ќе одат првите две пласирани репрезентации, како и четири од шесте третопласирани, но за тоа понатаму!

Scroll to Top