Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман (34) го продолжи договорот со клубот. Поранешниот француски репрезентативец ќе го носи дресот на „јорганџиите“ до јуни 2027 година.
Антоан Гризман во Атлетико пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра. Мандатот го заврши пет години подцна кога за 120 милиони евра се пресели во Барселона.
Две години подцна се врати на „Метрополитано“, најпрвин на позајмица, а потоа Атлетико го откупи неговиот договор.
Гризман со 197 голови е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, осми според бројот на настапите за клубот, односно трет странец со најмногу настапи (442), пред него се само Јан Облак и Анхел Кореа.
Со Атлетико, тој го освои Суперкупот на Шпанија во 2014 година, Суперкупот на УЕФА во 2018 година, односно Лига Европа во истата година кога стана светски шампион со Франција како еден од лидерите во неговата генерација.
Сезоната Гризман ја заврши со 16 голови и осум асистенции во 53 настапи во сите натпреварувања.