Србија ќе игра против Англија на Европското првенство на 16 јуни во Гелзенкирхен. Србите вчера пристигнаа во Германија. Во пресрет на првенството одиграа два контролни натпревари, загубија во Австрија 1:2 и слевеа во Шведска 3:0.
„Не чека голем натпревар против Англија. На ЕУРО секој натпревар е важен, но фокусот е секогаш на првиот, тој е најважен. Англичаните се одличен тим, но ние сакаме да покажеме дека сме добар тим, да ја претставиме нашата земја на најдобар начин и да покажеме што знаеме“, рече Немања Гудељ.
Фудбалерот од средниот ред на Севилја е оптимист пред дуелот со „Гордиот Албион“.
„Верувам дека можеме да ја победиме Англија, имаме одличен тим, мислам дека можеме да победиме секого, но верувам дека ќе биде неизвесен натпревар, се е можно во фудбалот“.
Англичаните се меѓу главните фаворити во Германија.
„Англија има феноменални играчи, одамна немаат освоено ништо, сакаат да го освојат ЕУРО, но ние не се плашиме од никого“, додаде Гудељ.