Хорхе Сампаоли ја забележа првата победа во својот втор мандат на клупата на Севилја. Фудбалерите на Севиља како гости ја совладаа Мајорка со 1:0.
Натпреварот во Мајорка го одбележа спектакуларниот гол на српскиот репрезентативец Немања Гудељ кој им донесе победа на гостите од Андалузија.
Во прво полувреме Мајорка пропушти две одлични прилики во првите десет минути, двата пати се обиде Абдона Пратс, но исклучително добро реагираше голманот Боно.
Бавното темпо на натпреварот го прекина Немања Гудељ. Србинот реши да шутира од 30 метри и во 53.минута ја смести топката во аголот на голот кој го бранеше неговиот колега од репрезентацијата Рајковиќ.
Dedicado a @jonmartos 🤣🤣🤣🤣 pic.twitter.com/HUwi1Che4L
— Marco Einhdoven Ala Gloria (@einhdoven) October 15, 2022
На пет минути пред крајот на натпреварот Мајорка имаше шанса за игра, центарфорот Анхел Родригез остана сам пред Боно, но мароканскиот голман храбро интервенираше и ги спаси трите бода за избраниците на Сампаоли.