Голманот на Лајпциг Петер Гулачи заработи тешка повреда на коленото на натпреварот против Селтик. Победата на германскиот клуб (3:1), во Лигата на шампионите, ќе остане во сенка на тешката повреда на својот голман.
Лајпциг потврди дека голманот ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено.
Повеќе информации клубот ќе објави по деталните медицински прегледи, кои ќе следат во наредните денови.
Голото на Лајпциг во наредниот период ќе го брани Јанис Бласвич.