Top Sport

Гулит до Тен Хaг: Заборави на холандскиот менталитет

Холандската фудбалска легенда и поранешен ас на Милан, Руд Гулит има неколку совети за менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

Поранешниот менаџер на Ајакс по завршувањето на минатата сезона го презеде великанот од „Олд Трафорд“. Негова цел е да го врати клубот на победничките патеки и во борбата за трофеи.

Тен Хаг нема да има лесна работа, што покажа и првиот меч на домашен терен кога Јунајтед загубија од Брајтон (1:2). Гулит има посебен совет за својот сонародник. Тој вели дека Тен Хаг мора да се откаже од некои работи ако сака да преживее во Премиер лигата.

„Ерик тен Хаг е добар тренер, но не смее да се потпре само на холандскиот менатлитет, во спротивно ќе му биде тешко. Мора да се прилагоди и да разбере дека само со играње фудбал не се победува. Потребна ви е и сила, техника. Вистински меналитет. Во средината играчи кои можат да ја играат топката, но и да му ја украдат на противникот. Ако го немате тоа и само мислите дека играте добро, ќе ви биде тешко. Видовте како Фулам играа против Ливерпул, затоа ја сакаме Премиер лигата. Нема лесни натпревари, тоа мора да го разберете, треба да работите напорно секој ден и да ги имате вистинските играчи“, јасен е Гулит.

Има чувство дека Тен Хаг „влета во циркусот на Манчестер Јунајтед“, во време кога има сериозни проблеми во клубот.

„Има многу проблеми во клубот. Играчите сакаат да одат во други тимови, во Ливерпул, Сити и Челзи. Тие повеќе не се главниот тим во Англија, како што беа под Алекс Фергусон. А проблемот на Тен Хејг е што има пет поранешни играчи кои секој ден зборуваат за Манчестер јунајтед во медиумите. Тешко е и единствениот начин да се надмине тоа е да се победи“, додаде славниот Холанѓанец.

Тој смета дека Јунајтед не требало лесно да се откажат од услугите на Жозе Мурињо.

Прерано го отпуштија Мурињо, тој освои трофејот со играчи кои не беа толку добри“, заклучи Холанѓанецот.

Scroll to Top