Доколку го има Лионел Меси во тимот, Пеп Гвардиола ќе постигне успех во Лигата на шампионите, смета поранешниот холандски тренер Руд Гулит.
Манчестер сити синоќа се елиминирани во четврт-финалето од Тотенхем. Гвардиола остана без можност да се бори за пехарот во ЛШ, кој последен пат го освои во сезоната 2010/2011.
„Пеп не бележи добри резултати во Лигата на шампионите бидејќи го нема Меси во тимот. Тој беше играчот што праваше разлика на теренот во корист на тимот што го водеше Гвардиола“, рекол Гулит.
„Се обидуваше Пеп со Баерн, беше блиску, но не успеа. Знаме дека сака да ја освои ЛШ. Овој пораз на Сити е голем удар за сите во тимот. Но сепак не можете да купите тим и да се надевате дека ќе ја освоите ЛШ“, заклучил некогаш најдобриот европски фудбалер.